Убавина

Дневна шминка

Основната карактеристика на дневната шминка е лесната проѕирна пудра во нијанса на вашиот природен тен. Природните тонови се пожелни и кога се во прашање очите и усните, бидејќи ако ги користите ќе изгледате свежо и одморено. Што се однесува на дневниот изглед, едно е сигурно – времето на неприроден изглед на лицето припаѓа на некое друго време. Запомнете, пудрата служи да ги покрие недостатоците, а поентата е во тоа да изгледа како да ја немате на лицето. Најдобра шминка е онаа која не се забележува, совршено ги прекрива недостатоците, а го истакнува убавото на вашето лице.

Да почнеме од веѓите. За дневно средување не ви е потребно повеќе од 1 минута. На четка за веќи напрскајте малку лак за коса за да ги смирите, а доколку е потребно, затемнете ги со молив за веѓи. Внимавајте да не претерате.

За очите користете светли бои кои ќе ви го отворат погледот, а со тоа и нанесувањето не мора да биде многу прецизно, па затоа нема да ви треба премногу време. На образите ставете нежно руменило во розова боја. За трепките е доволен само еден слој маскара, а за усните лесен сјај или кармин во природна боја на усните.

Напиши коментар