Здраво тело

Дневната светлина го штити срцето

Личностите кои се изложени на утринската светлина, особено онаа од 6 до 8 часот наутро, имаат помал ризик фактор да доживеат срцев удар, да заболат од депресија или патат од нагли промени на расположението.

Научниците од Универзитетот Колорадо од Денвер, САД, тврдат дека дневната светлина со јак интензитет го намалува ризик факторот за срцеви заболувања за неверојатни 30 проценти.

Имено студијата која е објавена во стручниот медицински магазин “People Health“, објаснува дека за намалувањето на ризикот од срцеви заболувања, пред се е заслужен дневниот биоритам, на кој биолошки и антрополошки е навикнат човековиот организам. Дневната светлина иницира лачење на хормони во мозокот и на тој начин се контролира функционирањето на сите важни органи во телото. Сето ова се постигнува со утрински прошетки особено во периодот од 6 до 8 часот.

„Нема ништо поубаво од добар сон, утринска прошетка и дневни активности. Секој оној работи навечер и утринската светлина ја заменува со спиење има за 30 проценти поголем ризик фактор за срцеви заболување„ – истакнуваат научниците.

Напиши коментар