Убавина

До најубави гради без скалпел

Сон  на секоја жена е убавото деколте, но без да се подложат на нож. Вашите облини можете да ги нагласите или да ги создадете со помош на облеката, но и со вежбање на градните мускули, со масажа, како и со исхрана богата со естроген.

Еве неколку совети како најбрзо и најефикасно да стигнете до целта…

 

ПРАВИЛНО ДРЖЕЊЕ

Држете ја главата исправено, грбот исправен, вовлечете го стомакот и исправете ги градите.

 

СООДВЕТНА ВЕЛИЧИНА НА ГРАДНИК

Адекватната величина на градникот, но и моделот , помагаат градите да изгледаат поубаво. Поставените градници имаат додатоци кои ги зглемуваат градите, но не ги подигаат, Дизајнирани се модели со постава од гел, за градите да добијат поприроден облик.

 

ОБЛЕКА КОЈА ГО НАГЛАСУВА ДЕКОЛТЕТО

Облеката со многу мал В израз, или без деколте  ќе ги направи градите многу помали. Затоа жените кои имаат многу помали гради, треба да избираат блузи со асиметрични или умерени деколтеа, асиметрични, или набрани засеци, на влузата. Светлите бои ги зголемуваат градите, а темните бои ги смалуваат. Затоа, ви препорачуваме да облекувате темни панталони, или сукња, а на горниот дел облечете нешто посветло, или со водорамни линии.

МАСАЖА

Масажата е добра за стимулација на нервите и зголемувањето на циркулацијата, што со време може да ги зацврсти градите. Зголемениот притиск на крв помага да се спречи да се спуштат градите, така што треба да седнете на кревет и со кружни движења да ги масирате од долните страни, а потоа со побрзи движења да ја масирате кожата околу брадавиците,

ВЕЖБИ

Склековите се најдобар начин за јакнење на градните мускули кои е наоѓаат под градите.

 ИСХРАНА

Некои истражувања покажаа дека, редовната конзумација на мешавина на папаја и млеко, мже да помогне , бидејки млекото е извор на естроген, а папајата содржи протеолитички ензими кои помагаат во разградувањето на протеините. Сојата е истотака извор на естроген, така што, се препорачува да се комбинира со спанаќ, јачмен или со млечни производи.

Напиши коментар