Art & Crafts

До поголеми животни задоволства со ново хоби …

Ако сфативте дека, време е да почнете ново хоби, Ви нудиме неколку опции кои одговараат на различни личности и карактери.

Оригами – Вештината на виткање хартија има долга историја, а кога барем еднаш ќе се вовлечете во приказната, ќе сфатите зошто ова хоби е толку популарно.

Изработка на свеќи и сапуни– Со сите состојќи, ова му доаѓа нешто како готвењето…Со таа разлика што крајниот резултат ќе биде- опуштање…

Работа со глина– Доста е интересна, а може да изработите и корисни украсни вазни.

Столарија– Обработката на дрво подразбира остри предмети во сигурна рака, но резултатот е – производ за воодушевување.

Моделирање железо– Ќе се изненадите кога ќе ги откриете сите конструкции и опции.

Чување  птици– За почеток, доволно би било да ги храните и да проучите тактики како да ги привлечете во Вашиот двор.

Фотографирање– Тоа може да биде и она со мобилен телефон…или сепак нешто попрофесионално.

Изработка на честитки и благодарници– Истите можат да бидат за родендени, прослави, фамилијарни собири…

Везење– Резултатот може да биде практичен и декоративен. Техниката не е сложена, но дизајнот може да биде едноставен, но и таков, што бара повеќе…

Плетење– Можете да изработувате прекрасни  и креативни парчиња. На пример навлаки за украсни перничиња.

Шиење– Без разлика дали рачно или на машина, резултатот носи интензивно задоволство.

Работа со бисери– Украсувањето на модните додатоци со бисери, може да биде навистина интересна работа.

Цртање– За почеток набавете молив и хартија…И со текот на време ќе видите зачудувачки резултати.

Сликање– Сликањето е и хоби кое може да стане Ваш живот.

Собирање акциски фигури– Кога ќе соберете доволно и ќе станете колекционер, може да направите и мала изложба.

Стрипови– Создадени се за забава и читање. Можете и да ги собирате и да ги читате…Сепак најдобро и едното и другото.

Изработка на минијатури– Кога ќе видите некој објект што Ви се допаѓа, обидете се да направите и Ваша мини верзија.

Составување возила на далечински управувач–  Ако сакате да си играте со децата и со нивните автомобили и бродови на далечински управувач, време е да размислите за посериозни проекти…

Собирање ковани парички– Обрнете внимание на парите кои секојдневно Ви поминуваат низ рака и ќе сфатите зошто толку многу луѓе ги собираат.

Собирање на куклички– Куклите не се само за деца.

Поштенски марки– Иако е разгласено како хоби за осамени, истото може да биде голема друштвена „ зделка“.

Купони и распродажби– Направете сé за Вашите заработени пари да вредат повеќе. Ова хоби може да биде навистина забавно кога ќе се впуштите во него.

Друштвени игри– Секој мора да знае да игра монопол и домино…И уште барем 25 такви друштвени игри

Шах– За почеток вежбајте на компјутер па продолжете да играте со луѓе. Интересно е !

Организирање семеен занает– Одберете го она кон кое што сте најмногу склони. Повремено, вклучувајте ги и останатите членови на семејството.

Генеалогија– Проучете го и нацртајте го вашето семејно стебло…од сегашноста- до длабокото минато.

Танц– Можеби се чувствувате како да имате две леви нозе, но сигурно постои нешто во кое ќе се пронајдете.

Загатки– Собирајте загатки, објавете книга со загатки или објавувајте ги на блог.

Гитара– За да научите да свирите гитара, потебно Ви е многу трпение и малку талент.

Клавир– Ако сте загрижени за создавање бучава…купете клавијатура со слушалки и вежбајте.

Градинарство– Со него можете да се занимавате дури и на Вашиот балкон.

Напиши коментар