Убавина

До здрава коса, со природни состојки

Косата го изгубила сјајот, а врвовите се испукани и кршливи, можете да го направите овој третман. Потребно ви е бадемово масло, маслиново, рициново, масло од роза.

Помешајте по 10 лашици бадемово, маслиново и рициново а само една лажица масло од роза. Таа мешавина ставете ја на вашата коса и оставете ја да делува цела ноќ.

На перницата ставете пешкир или косата замотајте ја во памучна марама. Наутро косата исплакнете ја со неутрален шампон. Третманот е доволно да го направите еднаш но ако мислите дека е потребно повторно можете да го повторите колку пати сакате.

Дададете во шампонот кој го користите неколку капки етерично масло од лаванда или јасмин, ќе го зајанете коренот и ќе го смалите нејзиното паѓање.

Ако имате светла коса сјајот ќе го вратите ако во шампонот додадете масло од рузмарин или пак ја миете косата со чај од рузмарин.

Смеѓата коса бара поинаков третман. Нејзиниот сјај ќе го вратите со маска од две белки од јајце и шолја јако црно кафе. Измешајте ја смесата и нанесета ја на целата долшина на косата.Оставете ја 10 минути до половина час.Потоа измијте ја со шампон.

Ако вашата коса е црвенкаста сјајот ќе го постигнете со маска од јагоди. 5-6 јагоди згмечете ги и помешајте ги со 2дл сок од јаболка. Оставете ја на косата од 10 до 30 минути, потоа исплакнете со неутрален шампон. Ако имате костенлива коса наместо сок од јаболка употребете сок од боровница или црни рибизли.

Скалпот може да го зајакнете со следнава маска: жолчки од јајца, пола мала лажичка рум и 2 лажици маслиново масло помешајте и истријте ја косата.Оставете го преку ноќта, а наутро исплакнете со камилица.

Косата може да ја осветлите на природен начин ако нанесете појак чај од камилица или сок од свежо исцеден лимон. Резултатите ќе бидат уште подобри ако излезете на сонце да ја сушите. Кога косата е потполно сува испланете ја со вода.

За да имате здрава коса важно е здраво да се храните. Исто така е важно да се чувате од силното сонце.

 

Напиши коментар