Убавина

Добро тело со вистинска храна

Ако сте во потрага по храна која ги согорува мастите, сигурно би сакале да го имате списокот на храна која има висока хранлива вредност, а воедно ги согорува калориите.

Овесна каша

Првиот избор на сите нутриционисти за топење на маснотиите се овесните каши. Практикувајте ги наутро за да имате добра подлога за цел ден.

Сладок компир

Слаткиот компир има многу малку калории, дава неверојатна енергија и е исклучително богат со витамини и минерали.

Производи од житарици

Јадете ги производите со цело зрно. Заситуваат, ги топат масните наслаги и даваат многу енергија.

Зелен зеленчук

Внимавајте на тоа во текот на денот да внесете некаков зелен зеленчук, брокула, спанаќ, блитва, марула… тие се одлични за слабеење.

Сок од лимон и мед

Ова е рецепт кој се практикува во секој индиски дом. Ако сакате да имате тело како згодните и неодоливи индијки тогаш почнете и вие да го практикувате. Во една чаша топла вода исцедете еден лимон и ставете една лажица мед. Со овој пијалок ќе согорите 20% од мастите кои сте ги внеле.

Напиши коментар