ШоуБиз

Доказ дека љубовта цвета – Севе доби на подарок недвижнини од 7 милиони евра

Врската на Северина и српскиот крал на бакарот, Милан Поповиќ е под лупа на новинарите од самиот почеток. Се шпекулираше дека Севе го напуштила Милан, дека нивната љубов завршила, но ништо од тоа не е вистина. Парот ужива во секој заеднички миг.

Дека љубовта цвета доказ е фактот што Севе на подарок добила недвижнини во вредност од 7 милиони евра.

Таа добила пентхаус во Белград кој самата го уреди според Фенг Шуи правила, елитен кафич во центарот на Белград кој е ултра модерно уреден, во вредност од 1 милион евра. Освен ова Севе доби и студио каде може да ја работи својата музика. За да ја задржи подолго во Србија, Милан изгради луксузна вила за нив која ги исполнува сите критериуми за да биде вила на некоја светска ѕвезда. А кога Севе оди во Хрватска за работа или приватно, Милан и овозможил луксузна куќа во престолнината на Загреб која се протега на 1300 метри квадратни.

Напиши коментар