Здраво тело

Докторите потврдија: пивото е поздраво и од црното вино

Ова е вест  која ќе ги погоди сите љубители на доброто ладно пиво. Докторите се согласија: доколку го консумираме во разумни количини, пивото е поздраво и од црното вино.

Ако пивото се пие умерено, околу половина литро секој ден тоа има широк спектар на позитивни влијанија на нашето здравје, и тоа многу повеќе од црното вино.

Нутриционистите велат дека во чаша пиво има помалку калории отколку во чаша вино, а за „пивскиот стомак„ не е виновно пивото туку начинот на исхрана.

Шпанските научници направиле едно истражување со кое докажале дека пивото подобро ја згаснува жеддта и од водата.

Пивото е полно и со хранливи состојки: витамини од Б комплексот, Б2, Б6, Б12, кои се важни за обнова на енергијата за организмот.

Пивото е добро за здрави и цврсти коски. Малата количина на етанол, која ја има пивото го спречува губењето на коскеното ткиво, а исто така и го забрзува процесот на заздравување на коските.

Пивото го забрзува метаболизмот. Оваа позитивна страна на пивото ќе ја почувствувате ако редовно и умерено го консумирате пивото.

 

Напиши коментар