Rihanna објавила документарец со наслов „Road to Talk That Talk“ на својата официјална „Vevo“ страница. Во филмот ќе може да ја видите како го снима својот шести по ред музички албум за време на летото, 2011 година.
Песната „Talk That Talk“ е снимена додека траела северноамериканската турнеја „Loud“ кога пејачката го користела автобусот како студио. Подоцна, Rihanna патувала со авион до Барбадос. На снимката е забележан и еден телефонски повик во кој пејачката зборува со мајка си.
Најновиот албум на Riri стигна на врв на листите во Велика Британија, а во САД успеа да се искачи само на 3-тото место.
Тука погледнете го документарецот:
