Убавина

Долна облека која ќе ви помогне да го намалите целулитот

Италијанската компанија „My Shapes“  дизајнираше нов вид на долна облека наречена Емана кој на жените ќе им помогне да го намалат целулитот.

Со напредната нано технологија и кристали кои содржат биоактивни минерали креиран е чудесниот материјал кој помага да се намали целулитот и мастите.

Препораката е долната облека да се носи шест часа на ден, 30 дена, за да се постигнат саканите ефекти. Во периодот на тестирање на овој веш, 50 жени ја носеле долната облека Емана 60 дена и во просек загубиле околи 11% од маснотии.

Погледнете го видеото за овој неверојатен изум:

Напиши коментар