Мода

Долги ланчиња оваа пролет

Ланчињата се ефектно парче накит со кое може да ја зачините речиси секоја комбинација.Оваа сезона највеќе се истакнуваат долгите ланчиња кои може да ги обмотате неколку пати околу вратот.

Дизајнерите овој пат ни оставија многу поголем избор, ни дадоа многу поголем простор за играње, и избор на бои и материјали.

Тука се ланчињата со камења, моделите со златници, како и оние рокерските кои се носат со лежерна и кежуал дневна комбинација.

И бисерите би биле одличен избор, за нив одлучете се ако на себе имате некоја покласична комбинација.

Напиши коментар