Sweet Home

Дом од соништата – „ Куќа на крилја од птица “

Овој проект е креиран од страна на португалското архитектонско студио Bernardo Rodrigues Arquitecto.

Станува збор за акомулација на закривени и праволиниски облици кои создаваат удобен и весел животен простор. Куќата се наоѓа на островот St Michael на Азорски Острови, во Португалија.

Според зборовите на архитектите, микроклимата на ова земјиште нуди чести дождови и ветрови, така што дизајн стратегијата била да се блокираат ветровите со помош на ѕидови и да се понудат различни простори и приземје заштитено од дождови.

Исто така, неопходно било и животниот простор да се отвори со зеленило околу куќата, со помош на стаклени ѕидови. На горниот спрат се наоѓаат приватни простории кои се затворени и заштитени.

Write A Comment