Sweet Home

Дом во јапонски стил

Јапонскиот стил на уредување, западот го откри дури во 16-от век. Се смета дека е еден од најудобните стилови, но и најегзотичен.

Традиционалниот јапоснки стил на уредување се темели на рамнотежа помеѓу просторот и објектот. Стилот е многу минималистички. Предметите не се остри и не се дефинирани. Мебелот е многу флексибилен и е лесно преместлив. Најчесто се користат природни бои и материјали како што се бамбус, дрво, и хартија.

При јапонскиот стил на уредување светлото треба да биде индиректно. Воглавно е скриено зад некој предмет и на тој начин попримува некоја топла боја.

Како детали се користат елементи во црвена или жолта боја.

Традиционалните јапоснки бањи се дрвени, меѓутоа денес се користи керамиката во земјани тонови со дрвени ормарчиња и декорација од бамбус.

Билките се исто така многу застапени, а особено орхидеите.

Напиши коментар