Убавина

Домашен балсам за коса од авокадо

За приготвување на балсамот за коса ќе ви биде потребно едно добро узреано и меко авокадо, две лажици масло од орев и две жолчки од јајце. Излупеното авокадо се пасира добро, после што се додаваат и маслото и жолчките и се меша со миксер додека добро не се изедначи смесата. Овој балсам за разлика од другите се втрива и нежно се масира најпрво во коренот на косата, а потоа и по целата нејзина должина. Ја прави косата сјајна и жива и го спречува или намалува зимското опаѓање на косата. Се остава да делува 15 минути после што се измива.

Напиши коментар