Потребни состојки:
– 500 гр кори за пита
– 400 гр спанаќ
– 500 гр фета
– 4 јајца
– 2 дл јогурт
– чаша кисела павлака
– лажичка бел лук во прав или пак едно чешне лук
– лажичка сушен босилок
– малку сол и масло
Подготовка:
Во длабок сад изматете ги јајцата, па ставете го фета сирењето кое ќе го издробите на ситни парчиња, павлаката, и ситно исецканиот спанаќ. Сето тоа убаво измешајте го и зачинете го со белиот лук, свеж или сув босилок , масло и посолете по вкус. Во намастен, округол плех редете по четири кори, така што секоја кора ќе ја премачкувате со јогурт и ќе ја попрскате со малку масло. На четвртата кора ставете од филот. Така постапете со целата количина од потребните состојки. На последните четири кори не ставајте од филот. Убаво преклопете ги корите и ставете го бурекот да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 до 40 мин.
