Мојата кујна

Домашен бурек со неверојатна арома

Потребни состојки:

–      500 гр кори за пита

–      400 гр спанаќ

–      500 гр фета

–      4 јајца

–      2 дл јогурт

–      чаша кисела павлака

–      лажичка бел лук во прав или пак едно чешне лук

–      лажичка сушен босилок

–      малку сол и масло

Подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата, па ставете го фета сирењето кое ќе го издробите на ситни парчиња, павлаката, и ситно исецканиот спанаќ. Сето тоа убаво измешајте го и зачинете го со белиот лук, свеж или сув босилок , масло и посолете по вкус. Во намастен, округол плех редете по четири кори, така што секоја кора ќе ја премачкувате со јогурт и ќе ја попрскате со малку масло. На четвртата кора ставете од филот. Така постапете со целата количина од потребните состојки. На последните четири кори не ставајте од филот. Убаво преклопете ги корите и ставете го бурекот да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 до 40 мин.

Напиши коментар