Art & Crafts

Домашен чоколаден сапун

Чоколадото многумина го нарекуваат  “сладкиот грев”. Желбата за црното”задовоство” понекогаш ги надминува сите граници…

Доколку Вие спаѓате во групата кои го обожаваат вкусот, мирисот на црното чоколадо можат на многу едноставен начин освен што ќе ги задоволат сетилата за вкус, мирис да го задоволат и сетилото за допир.

Чоколаден сапун е идеалната можност да ја наградите вашата кожа во овие ладни зимски денови, верувајте ќе ви биде бескрајно благодарна а Вие ќе го достигнете врвот на задоволството кои го нуди чоколадниот рај.

За подготовка на чоколаден сапун потребни ќе ви бидат неколку едноставни состојки кои ќе може да ги набавите во најблискиот супер маркет и 20 минути слободно време.

120 милилитри слабо – ароматичен течен сапун

20 капки етерично масло од чоколадо

2 -3 лажички какао во прав

Подготовка на чоколадниот сапун

Течниот сапун ставете го во мал сад на рингла и варете го на тивок оган. По 10 минути варење од садот извадете 2 големи супени лажици од зовриениот течен сапун и во друг сад настрана со помош на мало лажиче измешајте ги со какаото. Мешајте додека не добиете густа маса. Во добро измешаната маса во која нема грутки од какаото додадете ги 20 те капки од етеричното масло од чоколадо. Измешаните состојки ставете ги во претходно зовриениот течен сапун.

Течниот сапун од чоколадо ставете го калап по ваша желба и за половина до 1 час Вие веќе го имате чоколадното задоволство во вашата бања.

Уживајте во неверојатно задоволството!!!

Напиши коментар