Уште еднаш ќе ви понудиме интересен рецепт за домашно приготвен лосион кој заради природните состојки од кои е направен ќе ја ревитализира вашата кожа и ќе и ги пружи сите витамини и минерали кои и се потребни.
Овој лосион може да го користите за кожата на целото тело. Од добиената количина може да ја освежувате кожата една недела, но лосионот мора да го чувате во фрижидер бидејќи е направен од потполно природни состојки.
За подготовката потребно ви е:
– 1 шолја сува камилица
– 4 лажици мед
– 1 шолја млеко
– 8 лажици сув квасец
Ставете го млекото да се загрее на тивок оган. Додајте ја камилицата и оставете нека крчка на тивок оган половина час. Процедете ја течноста и во неа ставете го квасецот и медот и убаво промешајте.
