Убавина

Домашен лосион за омекнување на кожата на целото тело

Уште еднаш ќе ви понудиме интересен рецепт за домашно приготвен лосион кој заради природните состојки од кои е направен ќе ја ревитализира вашата кожа и ќе и ги пружи сите витамини и минерали кои и се потребни.

Овој лосион може да го користите за кожата на целото тело. Од добиената количина може да ја освежувате кожата една недела, но лосионот мора да го чувате во фрижидер бидејќи е направен од потполно природни состојки.

За подготовката потребно ви е:

–      1 шолја сува камилица

–      4 лажици мед

–      1 шолја млеко

–      8 лажици сув квасец

Ставете го млекото да се загрее на тивок оган. Додајте ја камилицата и оставете нека крчка на тивок оган половина час. Процедете ја течноста и во неа ставете го квасецот и медот и убаво промешајте.

Напиши коментар