Без да одите во Тајланд, можете да си направите СПА процедура со домашен пилинг за тело по тајландска рецепта. Потребни продукти за приготвување на пилингот се ½ чаша морска сол, 10 капки етерично масло од јасмин и една лажица бадемово или маслиново масло. Во керамички или стаклен сад со дрвена лажица смешајте ги солта со маслата. Нанесувајте од смесата на делот каде ќе започнете да масирате, особено посветете внимание на лактите, колената и стопалата, а избегнете ја зоната на деколтето и градите, бидејќи кожата овде е најнежна и чувствителна.