Направете преседан и самите пригответе го овој вкусен десерт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
0,7 децилитри млеко
70 грама какао во прав
70 грама маргарин
70 грама брашно
10-тина бадеми
Масло за јадење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад измешајте го брашното, какаото и шеќерот. Додаде те го ладното млеко и варете на умерена температура со постојано мешање за да не се создадат грутки. Додадете ги парчињата маргарин и продолжете да варите. Намалете ја температурата почекајте смесата да почне да врие и варете уште 10 минути со привремено мешање.
Одберете сад по Ваша желба и премачкајте го малку масло за јадење ( се препорачува бадемово масло). Во садот истурете ја смесата, поклопете со фолија и оставете да се олади неколку часа во ладилник.
Оладениот пудинг пополека превртете го врз послужавник, украсете го зрна бадеми.
Служете го со шлаг.
Уживајте!!!
