Вкусете ја оваа салата и во домашни услови…
Потребни состјки за 4 лица:
- 1 главица зелена салата
- 2 домати
- 200 гр бело пилешко месо
- 100 гр димена сланина
- 5 парчиња двопек
- сок од половина лимон
- 100 гр мајонез
- лук
- 200 мл кисела павлака
- сол, бибер
- масло
- пармезан
Подготовка:
Пилешкото месо исецкајте го на коцки и пропржете го на оган со малку масло. Потоа испржете ја сланината која претходно ја исецкавте на тенки и мали парчиња. Извадете ја од маслото, а потоа во неа пропржете го на кратко лукот и коцките двопек или кубети.
Во еден длабок сад ставете исецканата салата, пилешкото месо, доматите, сланината, пропржениот лук со кубети и измешајте. Во друг сад измешајте ги павлаката, мајонезот, сокот од лимон и зачините и со сосот прелијте ја салатата. Одозгора ставете неколку коцки кубет за декорација и посолете со пармезан.
Пријатен апетит