Здраво тело

Домашни лековити средства со оцет

Оцетот е навистина лековит, но кога зборуваме за неговите лековити својства никако не мислиме на алкохолен оцет. Имајте ги во предвив јаболковиот оцет, гроздовиот оцет…

Ако се чувствувате уморно или поспано ви треба појачување на енергијата а за тоа е доволно една лажица јаболков оцет измешана со ½ чаша топла вода. Со добиената течност измасирајте ги рацете од дланките па кон рамењата. Потоа нежно измасирајте го вратот и продолжете кон градите и стомакот, грбот, нозете и стапалата. Уморот едноставно ќе исчезне.

При ангина: земете една чаша изрендана репа, додајте 1 лажица оцет и оставете да отстои 30 минути. Исцедете  ја течноста од смесата и со неа правете гаргара и испирајте ја устата. Од неа може и да испиете една лажица.

Напиши коментар