Убавина

Домашни маски против брчки

Знаците на стареењето не можат да се отстранат, но сепак можат да се ублажат со адекватна нега која можете да си ја дозволите од дома.

Постојат најразлични рецепти кои се составени од состојки кои сигурно ги имате во вашата кујна. Овие маски даваат ист резултат како и многу скапите креми, серуми и други производи против стареење.

Еве неколку предлози, а вам ви нудиме да ги испробате и да се уверите во нивниот ефект.

Маска со мед

Помешајте две лажици мед со две лажици млеко. Смесата добро измешајте ја и нанесте ја на лицето, вратот и деколтето и држете ја 10 минути. Потоа измијте ја со млака вода и намачкајте ја кремата која најмногу ви одговара.

Маска од портокал и маслиново масло

Сок од портокал и изрендана кора од портокал  измешајте ги со лажица маслиново масло. Масирајте го лицето со оваа смеса и оставете да отстои 5 – 10 мин. Потоа измијте со млака вода.

Маска со жолчка и крема

Во чинија измешајте 1 лажица од вашата омилена крема за лице и една жолчка. Маската нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Добра е за отстранување на флеките и дамките. Се остава да стои 10 мин. а се отстранува прво со марамица а потоа со топла вода.

Маската на холивудските ѕвезди

Добро измешајте 2 лаж. пченкарно брашно и една белка. Нанесете на лицето и вратот , па преку ставете газа. По 15 мин. извадете ја маската со помош на газата.  Лицето  прво измијте го со ладна вода за да го ублажите црвенилото и да ја смирите кожата, а потоа исплакнете го со млака вода.

Маска од круша

Изгмечете една голема круша, додадете 1 лаж. лимонов сок за да добиете смеса. Потоа нанесете ја на лицето, а преку неа ставете фолија, за подобро да се впие во кожата, држете 10 – 15 мин, а потоа измијте со млака вода.

Маска од тиквици

Две тиквици исецкајте ги на кругови, потоа кругчињата наредете ги на лицето и на вратот, држете 15 мин. а потоа измијте со неварено млеко и со млака вода. Овој третман е идеален за дами кои имаат сува кожа.

 

 

 

 

Напиши коментар