Убавина

Домашни состојки за спа третман

За повеќето жени денот поминат во wellnes  центри е идеално место за опуштање и ревитализација на целото тело. Но и во сопствениот дом  може да си направите брз и ефтин релаксирачки третман во сопственото купатило .Во продолжение прочитајте некои брзи и лесни домашни спа третмани…

Детоксикација на телото во када

Нема многу работи кои можат да ве опуштат како долга топла бања. Додавањето сол во водата е идеален начин за детоксикација на вашата кожа, а на сето тоа додајте неколку капки од вашето омилено етерично масло и препуштете се на уживање.

Домашен пилинг за тело

Постојат различни рецепти за пилинг на тело во зависност од тоа што сакате да постигнете. Мешавина од еднаква количина на маслиново масло и шеќер, може да биде одличен избор за осетливите делови како лицето и усните, додека мешавина од маслиново масло и кафе може да ви помогне во смалување на целулитот.

Третман на лицето

Можете да изберете најразлични рецепти за вашето лице во зависност од вашата цел. За маска која ќе ви помогне во борбата против акни помешајте една голема лажица цимет ,една голема лажица мелено морско оревче и една чајна лажица мед.Со мешање ќе добиете густа смеса.

 

Напиши коментар