Убавина

Домашни трикови за здрави и цврсти нокти

Покрај лицето, косата, кожата на рацете и ноктите многу страдаат во зима. Исхраната во зима е значително помалку богата со витамини и минерали, поради помалото внесување на свеж зеленчук и овошје. Студот ја уништува структурата на ноктите, а со тоа тие стануваат кршливи.

Лимоновиот сок е познат како голем пријател на ноктите. Тој ги зајакнува и ги прави бели и издржливи. Но, маслото исто така треба да го имате како ваш сојузник . Направете богата маска за рацете и ноктите од мед, млеко, маслиново масло и лимон. Намачкајте ги рацете и оставете нека делува смесата. По оваа маска нема да имате проблем со сува кожа и кршливи нокти.

Совет плус: во зима практикувајте да се лакирате. Лакот ќе ги штити вашите нокти.

Напиши коментар