Здраво тело

Домашните миленици лекуваат!

Сигурно сте слушнале за животни кои ги спасиле сопствениците од разни несреќи и дека предвидуваат катаклизми, но дали сте слушнале за тоа дека животните лекуваат?

Можеби науката која го изучува овој феномен е премногу млада, но благородните животинчиња продолжуваат да докажуваат дека терапијата со миленици има добра причина зошто да постои.

Дури и да не сте слушнале за ваков вид терапија сигурни сме дека не ви е ново постоењето на ваква алтернатива на медицинската дисциплина. Животните во многу полиња се над луѓето – љубат без корист, благодарни се и верни до смрт, особини кои ретко се среќаваат кај луѓето.

И како што кажавме дека оваа наука е млада, треба да нагласиме дека во периодот на 70-те години од минатиот век после низа студии и експерименти се покажало дека некои животински видови можат да помогнат да се избавиме од стрес, депресија, да ја подобрат целосната здравствена состојба кај сопствениците, да го намалат ризикот од инфаркт и други слични тешки заболувања.

Конкретен одговор се уште немаме за тоа каков е механизмот на позитивниот ефект што го примаме од домашните миленици. Некои тоа го поврзуваат со магнетизмот кој зрачи од нив, други со силната позитивна енергија која извира од нивната љубов. Но како и да е, ефектот е очигледен и луѓето кои имаат било какво милениче во својот дом, ќе ја сватат многу лесно поентата на оваа статија.

Напиши коментар