Во Франција неодамна беше објавена студија односно за врската помеѓу домашниот миленик и децата со проблеми во развојот. Станува збор дека чувањето миленик во домот има недвосмислено позитивен ефект врз детето. Истото се однесува и на здравите деца.
Авторите на студијата припомнуваат дека кучињата, делфините и коњите одавна се користат за коригирање на аутистични растројства но сеуште не е направена научна оценка на влијанието на домашните миленици врз децата аутисти.
Во ова истражување претпоставивме дека домашното животно може да помогне на детето да развие социјални навики, се вели во статијата.
Експертите утврдиле дека семејствата во кои има домашен миленик комуницираат повеќе еден со друг и поминуваат повеќе време заедно. Појавата на животинче во домот го активира социјалното поведение на децата со аутизам, категорични се тие.

