Art & Crafts

Домашно лековито масло од лаванда

Лавандата има широка примена и се користи во козметиката, медицината и во готвење. Лавандата е медитеранска грмушка која потекнува од грчките острови и има долга историја од 2500 години. Во тоа време откриени се 230 видови на лаванди.

Некои мислат дека лавандата е цвет на невиноста, но има и силни афродизијак својства. Старите римјани го употребувале лавандиното етерично масло бидејќи ја стимулира кожата и и потикнува регенерација.

Козметички благодети

Од нашите баби сме можеле да научиме дека торбата со миризливи суви виолетови цвеќиња се ставаат во гардероберот за да се зачува облеката од молци.

Во козметиката често се користи во производство на производи наменети за масна кожа и кожа со акни. Лосионите и маслата од лаванда ја прават кожата мека и еластична, а шампоните го зајакнуваат коренот на косата.

Различните видови на лаванда, имаат различни ефекти, некои делуваат благотвотно и се антиоксиданси, додека шпанската лаванда е отровна и се користи во производство на препарати за намалување на стрии. Додека пак  лавандата од Хвар има антибактериски и антифунгални ефекти поизразени од сите други видови лаванди.

Рецепт за масло од лаванда

Лавандата е одличен антисептик и помага кај мали рани, изгореници и каснувања од инсекти.За такви случаи кожата може да се намачка со подготвеното масло  од лаванда неколку пати на ден.

Еве како се приготвува лековитото масло од лаванда – потребни ви се 150 мл маслиново масло во кое ќе додадете 20 капки етерично масло од лаванда. Тоа ќе го стимулира ткивото и епителизацијата на кожата па како резултат  раната ќе заздрави побрзо, а не пече како алкохолот и е идеално за деца.

За помала габична инфекција, може да се стават неколку капки од лаванда абриала на погоденото место два пати на ден.

1 Коментар

Напиши коментар