Здраво тело

Доматите штитат од рак

Главна состојка на доматот е ликопен, состојка која ја прави црвената боја на доматот. Оваа состојка е воедно многу здрава и корисна за нашето здравје.

Иако доматот се смета за зеленчук, сепак тоа е овошје. Содржи 94% вода, белковини, масти и јаглехидрати. Богат е со витамините А, Б6, Ц, и со калциум, магнезиум, железо, ниацин – состојка која е важна за регулирање на нивото на холестерол.

Но, дефинитивно најважна состојка на доматот е ликопенот, за која истражувањата покажаа дека е состојка која е моќна да го спречи ракот. Истражувањата покажале дека лицата кои често консумираат домати ретко заболуваат од било која врста на рак.

Доматот може да спречи кардиоваскуларни болести, рак на дојка, рак на грлото на матката, рак на белите дробови…

Напиши коментар