ШоуБиз

Donna Summer ќе биде погребана без спектакли!

Пејачката Donna Summer, која поради својата музика често беше нарекувана „диско кралица“, почина во текот на изминатата недела на 63-годишна возраст по тешка борба со рак на белите дробови.

Погребот на Donna ќе биде утре на приватна церемонија во Нешвил. Иако на мисата и на сахраната ќе можат да присуствуваат само тие со покана, се очекува црквата која собира околу 1.000 луѓе да биде полна.

Блиските на Summer не сакаат од овој тажен настан да направат медиумски спектакл и да го привлечат вниманието на јавноста. Поради тоа, составиле листа на гости. Засега не е познато дали на листата на поканетите пријатели има некој од познатите естрадни ѕвезди.

Напиши коментар