Мода

Допирот на Азија на пистите на NY Fashion week

За да пронајдат идеја која ќе ги води, при остварувањето на новите колекции, дечките од брендот Proenza Schouler, Jack McCollough и Lazaro Hernandez, одлучија да патуваат во Азија. Всушност, со тоа тие се ставија во мисли да создадат нешто поразлично.

„На сцена“ стапи колекцијата која својата приказна ја доловува од малиот Бутан. Со ова, се отвара ново поглавје во сезонава која доаѓа, каде ориенталното ќе ја доживее својата кулминација. Кроевите се опуштени и лежерни, не се строги но сепак се смели и пријатни. Сето ова се поклопува со самиот менталитет на Азија. Разноликоста на боите е само уште еден факт за големата инспирација која Proenza Schouler успешно ја претворија во реализација.

Станува збор за спој помеѓу кинеското и индиското минато, шарената култура и неверојатните силуети. Овој пат, дизајнерите ги избегнуваа материјалите како волна и кашмир, односно, покажаа најдобри изданија на ткаената кожа. Како бестселер, остануваат кобалт – сините и црните коктел фустани, но и кожните јакни, едноставно, одземаат здив.

 

Напиши коментар