← НАЗАД НА БОЗА

Дознајте кои се најскапите острови на светот ?!?

Дознајте кои се најскапите острови на светот ?!?
1155 Читања

Најскапите острови на светот се островите Li Galli, во близина на областа Амалфи во Италија и истите вредат 268 милиони долари. Прв сопственик на островот бил кореографот Леонид Масине, кој островот го купил во 1924 година, а потоа сопственик станал рускиот танчер Рудолф Нурејев. Овде летувале славни личности како: Грета Гарбо, Ингрид Бергман, Софија Лорен и Жаклина Кенеди Оназис…

Cave Cay,Бахами, е еден од најскапите острови во вредност од 110 милиони долари. На него има вкупно 38 објекти, аеродром и најсовремен систем на водоснабдување. Познат е по убавите зелени површини и како рај на земјата.

Островот Stamford, во американската држава Конектикат вреди скоро 19 милиони долари. Поврзан е со вештачки насип. Главната куќа има 11 спални соби а во близина се и куќи за гости и стакленик.

Островот Nautilus во Бруксвил, Мајна вреди 7,9 милиони долари. Објектите на островот се изградени уште во 1882 година, а главната куќа има 2 соби и 1 тоалет. На пристаништето се закотвени 2 брода кои се вклучени во цената, а едниот е претворен во бар.

Островот Whitefish во Монтана вреди 9 милиони долари и за разлика од претходните четири, се наоѓа во езеро, во преубава планинска област.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk