ШоуБиз

Drake и Tyra Banks се новиот пар?!

Според американските медиуми, познатата манекенка и водителка Tyra Banks е во врска со раперот Drake.

Banks (38) наводно го фатила раперот кој претходно беше во врска со Rihanna и Nicki Minaj. Парот е забележан на едно заедничко излегување во еден ресторан во Дизниленд, а наводно се заедно веќе неколку месеци.

Поранешниот „ангел“ на „Victoria’s Secret“ е позната по тоа што не сака да зборува за својот емотивен живот, па во кариерата долга 20 години, постојано успева да ги сокрие своите партнери подалеку од очите на јавноста.

Сепак, овој пат, тоа не ѝ пошло од рака, од причина што папараците успеаа да ја фатат со 13 години помладиот дечко.

Напиши коментар