Убавина

Древна индиска рецепта за прекрасна кожа

Во зима кожата најчесто не би ја опишале како прекрасна. Од топлотните уреди, ветрот и студот и недостатокот на витамини  таа ја губи потребната влага и еластичност и затоа мораме да и помогнеме. Не би било лошо да си ја направите оваа лесна древна индиска маска употребувана со векови наназад. Маската која наскоро ќе ви ја представиме може да се употребува како на лицето така и на било кој друг дел од телото за кој сметате дека му е потребна дополнителна хидратација и еластичност. Маската се остава да делува 15-20 минути. После измивањето со млака вода кожата станува блескаво чиста, потхранета и тонирана.

За да ја направите оваа маска потребно ви е 50 гр квасец, две лажици маслиново масло, и по една лажичка сува камилица, невен и нане и малку вода.

Сувите билки се посипуваат со малку врела вода и кога добро ќе се измешаат се додава квасецот и маслото.

Напиши коментар