ШоуБиз

Drew Barrymore ќе станува еврејка!

Познатата актерка Drew Barrymore наскоро ќе прејде во јудаизам поради својот вереник Will Kopelman со кој заедно чекаат принова.

Drew би сакала да ја смени верата до нивната венчавка.

–          Таа моментално зема часови за да се подготви за промената која ја очекува. Drew го прави сето ова за Will и за неговото семејство, – изјавил близок извор на актерката.

Инаку, парот планира да се венча во блиска иднина и тоа на интимна церемонија по сите еврејски обичаи.

Да потсетиме само дека Drew досега била во брак два пати, од кои првиот траел два, а вториот дури пет месеци. Да видиме што ќе се случи со овој, дали третата среќа ќе запали кај Barrymore?

Напиши коментар