ШоуБиз

Drew Barrymore скокна в тавче по трет пат!

Актерката Drew Barrymore (37) се омажи по трет пат. Церемонијата се случила вчера во нејзиниот дом во Калифорнија. Инаку, Drew и Will Kopelman се свршени веќе пет месеци и сега конечно без многу фама стапија во брак.

Според присутните гости, венчалната церемонија била доста интимна, класична и едноставна. Од славните гости на свадбата биле и Cameron Diaz и Reese Witherspoon, кои исто така присуствувале на пробната церемонија во петокот вечерта.

Инаку, Drew е веќе бремена и била забележана изминатава недела како пробува венчаници во Њујорк. Се претпоставува дека финалната одлука паднала на долг фустан – креација на Chanel.

Write A Comment