Дру Баримор и нејзиниот тазе свршеник се појавиле на премиерата на филмот на Дру „Big Miracle“ во Вашингтон. Актерката гордо го претставувала својот избраник од причина што ова е прв пат да се појави со него во јавност и тоа на црвениот тепих, а брачната понуда ја добила пред нецел месец.
Баримор го покажа и својот свршенички прстен на кој Вил Копелман очигледно не штедел и сакал неговата љубов да блеска носејќи дијаматски знак на нивната љубов. Дру неодамна изјавила дека е пресреќна и дека сеуште не ѝ се верува што ѝ се случува. За неа, сето ова било како сон.
Инаку, за Дру ова е трет брак, па да видиме… како велат постарите? Трета среќа!