Дестинации

Дрвената катедрала Џулијано Маури

На планината Маунт Арера, Бергамо, Северна Италија се наоѓа прекрасната катедрала Џулијано Маури. Темелите се поставени во 2001, а се завршени во 2010 год, по конструкцијата на Џулијано Маури.

Доколку се е онака како што е планирано катедралата својот конечен лик ќе го добие во 2015 година кога и свечено ќе биде осветена од Папата.

Специфичното во ова скриено парче рај е тоа што оваа уникатна катедрала е направена од дрвја, а е скриена во планините кои беспрекорно го поддржуваат ова уникатно место. Случајно или не, катедралата на големо растојание не се забележува со оглед на истиот вид на дрвја кои се наоѓаат на планината. Дали како автентичност или неслучајно…останува мистерија. За Вас останува да се пофалите дека сте биле дел од оваа гламурозна дрвена катедрала.

Напиши коментар