Дестинации

Дубаи – туристички феномен

Дубаи за многу кратко време успеа да се наметне како една од најдобрите светски дестинации. Многу популрани туристички локации се обидуваа со години да стекнат репутација и да изградат потребна инфраструктура за да ги привлечат туристите, а во Дубаи тоа се постигна за краток временски период, благодарение на неколку паметни потези од тамошната влада.

Дубаи стана успешен град и туристича дестинација со преку 10 милиони посетители годишно. Во Дубаи можете да јадете во едни од најдобрите светски ресторани, да правите шопинг во најексклузивни бутици и да се вклучите во најразлични активности и да видите прекрасни атракции. Еден шеик од Дубаи на одреден начин му помогна на туризмот во овој град, бидејќи тој сметаше дека нафтените резерви може да секнат и дека треба со некој друг вид на трговија што ќе и помогне на земјата. Така започна планирањето како овој град да се претвори во луксузно одмаралиште, но и во голем комерцијален центар. Голем дел од парите заработени од нафтената економија е вложен токму во промоција на туризмот во Дубаи.

Burj Khalifa

Дубаи се наоѓа на точка каде се среќаваат Европа, Африка и Азија. Токму поради ова местото каде се наоѓа градот, Дубаи е прикладен како место за интернационални состаноци и семинари. Овој град веќе привлекува стотици бизнисмени во текот на денот.

Дубаи ја има и една од најубавите светски плажи (Jumeirah) на која има фантастични летувалишта. Хотелите на плажите се вистинско доживување, нудат висок квалитет и сјајни услуги.

Дубаи има затворено скијалиште, сафари пустини, бордање на песочните дини, голф терени. Најмногу посетители има во текот на октомври и април, бидејќи тогаш времето е најубаво.

Атракциите во Дубаи

(Dubai Gold Souk) – овој град одамна е познат како градот на златото, а исто така претставува и центар на трговија за наките на Блискиот исток. Па затоа тука златото е најефтино на светот.

(Global Village Dubai) – лоцирано во Дубаиленд, глобалното село е најголемиот проект за одмор, туризам и забава. Тука може да се сретнат измешани култури, уметности, ресторани со кујни од целиот свет и многу различни нации.

(Sheikh Zayed Road) – патот на шеикот Zayed е за многумина најимпресивниот дел од Дубаи каде може да се сретнат најразлични градби, а највпечатлива е Кулата  на Емиратите (the Emirates Towers).

Уметнички галерии во Дубаи – уметничката сцена во Дубаи и воопшто во Арапските Емирати, значајно е подобрена, па така уметничките галерии во Дубаи стануваат се  по познати низ светот.

(Desert Safari) – пустинското сафари ви нуди величенственост и хармонија низ пустините, а можете да искусите дневно, полудневно, па дури и ноќно сафари.

 

 

 

Напиши коментар