ШоуБиз

Дует на Katy Perry и Rihanna!

Пејачките Katy Perry и Rihanna, кои воедно се и многу добри пријателки одлучиле да снимат заедничка песна.

На поп сцената сите ги знаеме дека се едни од најуспешните во последно време, но тие секогаш наоѓаа време и за своето пријателство, кое овој пат ќе го преточат на сцена и на дело во музичко студио.

–          Со години сакавме да снимиме дует, но никако не успеавме да најдеме термин кој ќе ни одговара и на двете, – изјавила Rihanna, која поради своите обврски го пропуштила и венчавањето на својата пријателка со Russell Brand минатата зима.

–          Katy е една од моите омилени пејачки и моја омилена личност на планетава, па навистина ѝ се радувам на оваа прилика да соработувам со неа, – завршила пејачката од Барбадос.

Напиши коментар