Сите ја знаеме по нејзиното неконвенционално однесување и чуден стил на облекување, па изгледа дека понекогаш и самата мајка на Lady Gaga мисли дека на ќерка ѝ фали некоја штичка во главата. Cynthia Germanotta признава дека додека Gaga растела многу се грижела за нејзиното психичко здравје и постојано се плашела да не нешто не е во ред со неа.
Додека настапуваше на почетокот заедно со сопругот си велевме:
– Мора да ѝ фали некој штраф во главата. Многу е провокативна.
Ова признание се случи пред Oprah Winfrey која била поканета во нивниот дом во Њујорк. Gaga открива дека користела и дрога и премногу алкохол додека создавала уметност, но дека нејзините родители секогаш ја поддржувале во тоа што го правела. Единствено мразат кога Gaga пцуе.
