ШоуБиз

Дури шест Греми за Адел! Овации за Витни Хјустон!

Ноќ на триумф и тага во Лос Анџелес, а два вокални титани беа центар на вечерта. Британската пејачка Адел беше дефинитивно најсреќна на доделувањето на овогодинешните Греми награди кои се одржаа рано утринава.

Таа собра дури шест Греми награди (за толку всушност беше и номинирана), меѓу кои и грандиозните признанија: Песна на годината и албум на годината. Целата манифестација започна со раперот LL Cool J кој на работ на солзите успеа да ѝ оддаде чест на починатата дива, Витни Хјустон.

–          Имамвме смртен случај во семејството. Единствен начин на кој може да се започнат Гремите е со молитва за жената која сите ја сакавме. Иако таа си замина, остануваме благословени што имавме можност да бидеме допрени од нејзиниот прекрасен дух. Витни, секогаш ќе те сакаме! – беа неговите зборови.

Адел имаше успешно враќање на музичката сцена по операцијата на гласните жици и беше поздравена со стоечка овација. Моќниот вокал не успеа да ги сокрие солзите уште по добивањето на првата награда. Адел сега се израмни со Бијонсе по бројот на земени Греми во една вечер.

Со одличен настап на сцената можат да се пофалат и Ники Минаж, Кети Пери и Ријана, како и нејзиниот поранешен дечко Крис Браун, кој ја доби наградата за најдобар R&B албум на годината.

Џенифер Хадон ја имаше честа да ја испее „I Will Always Love You“ во чест на Витни, а присутните беа воодушевени да го видат како настапува и Пол Макартни.

Ова е настапот на Џенифер Хадсон:

http://www.youtube.com/watch?v=HzMsEvUxFc4&feature=player_embedded

Напиши коментар