ШоуБиз

Две диви, а ист вкус… :)

И двете се најдобри во она што го прават, а гледајќи ја оваа слика може слбодно да заклучиме дека двете пејачки имаат и ист вкус за чевли… Или можеби се работи за нешто друго?

Ријана и Алиша Кис на овогодинешното доделување на Греми наградите се појавија во потоплно исти чевли во комбинација со подеднакво елегантни црни фустани.

Ријана, за да ја покаже својата витка линија, одбрала долг црн фустан кој истовремено го откриваше нејзиниот грб, нејзиното деколте и нозете. Многумина искоментираа дека иако сите погледи беа вперени во неа, Ријана можела да облече нешто поинтересно, а да го постигне истиот ефект.

Алиша Кис на црвениот тепих се појави во доста едноставен фустан до колена и го комбинирала со златна огрлица.

Напиши коментар