Убавина

Две вежби за ултра секси стомак

Доколку сакате гордо да ги нсоите костимите за капење време е да почнете со подготовка на телото. Ова се две вежби кои идеално го зацврстуваат стомакот и струкот.

Прва вежба

Легнете на грб со благо раширени нозе. Рамената држете ги малку поткренати, со левата рака под вратот. Десната рака држете ја испружена, крената со лак од 45 степени. Додека ги правите стомачните левата нога поткренете ја од подот, па со десната рака допрете ја левата нога и задржете ја таа положба неколку секунди. Вежбата повторете ја 25 пати, а потоа сменете ја страната.

Втора вежба

Легнете на левата страна со нозете во положба на исчекор, свиткани кај колената. Стомачните правете ги така што со десната рака ќе се потпрете на подот, а левата ставете ја на внатречната страна од колкот. Задржете ја таа положба неколку секунди. Кога ќе се спуштате повторно до подот не се спуштајте до крајот. Повторете ја вежбата 25 пати, а потоа променете ја страната.

Напиши коментар