Славните пријателки Beyonce и Gwyneth Paltrow планираат заедничко патување во Тоскана. Со себе ќе ги поведат и своите деца, а имаат во план целосно да се релаксираат и оттргнат од секојдневието.
Имено, во луксузната вила одат со цел Beyonce да се одмори и да собере сила за враќање на сцената по породувањето во јануари.
– Планираат секој ден да вежбаат јога и да уживаат во приватната вила со пет ѕвезди и сопствен базен. Beyonce веќе некое време вежба јога заедно со ќерка си и тоа по препорака на пријателката Gwyneth, – открил близок извор на двете пријателки.
