Bridal

Двојна прослава – свадбена церемонија за дочекот на Новата Година

Дочекот на Новата Година е период кога сите прославуваат, има огномети, забави, алкохол… Затоа многу млади двојки се одлучуваат да ја направат својата свадба токму на најлудата ноќ во годината.

Откако ја дочекавме Новата 2012 година, решивме да ви претставиме една прекрасна фотосесија посветена на свадбите токму за овој ден. Оваа фотосесија навистина има некои прекрасни свадбени идеи: конфети, светки, шампањ и многу златни украси, како и златна новогодишно/невестинска торта.

Фотосесијата ја изработи познатото студио Барет Фотографи, додека самиот дизајн на амбиентот го направило студиото за планирање свадби Лавандер Џој Ведингс. Тортата е од Шугар Би Свитс, накиот на невестата од Краун Гинија, а венчаницата од Бела Брајдсмеидс.

Честитки за вашата свадба – и Среќна Нова Година!!!

 

Напиши коментар