ШоуБиз

Џастин Бибер ли е, Квазимодо ли е? :)

Без маичка и со рамената напред, Џастин Бибер слободно може да се пријави на аудиција за улогата на Квазимодо во филмот „Богородичната црква во Париз“. Тој е забележан како пешачи по една плажа во Кабо Сан Лукас и неговото телесно држење било навистина катастрофално.

На плажата бил виден заедно со татко си, и можеби e редно некој да му каже дека ако оди подгрбавено, тоа може да предизвика доста сериозни здравствени проблеми. Освен татко му, деновиве со него во Мексико е и неговата девојка Селена Гомез. Додека Бибер работел на својот тен, таа се седела под сенката на хотелскиот балкон.

По проблемите со наводното татковство на Џастин, нивната врска изледа поцврста од кога и да е. Јавно ја обелоденија својата врска во март, минатата година.

 

Напиши коментар