Уште еден долгоочекуван холивудски брак – Џастин Тимберлејк и Џесика Бил веќе се официјално венчани. Познатиот холивудски пар постои долго време и поминувајќи низ неколку поголеми кризи како што гледаме успеа да надмине се и да ја одржи љубовта крунисувајќи ја со брак.
Еве што изјавиле вљубените ѕвезди: „Прекрасно е да се биде во брак, церемонијата беше раскошна и ние уживавме заобиколени од нашите најблиски роднини и пријатели!“

Церемонијата се одвивала во Јужна Италија и за свечениот чин биле потрошени околу 7 милиони долари. Џастин (31) и Џесика (30) се во врска повеќе од пет години. Како ќе се одвива нивниот брак, судејќи по останатите холивудски бракови, останува да видиме.

Ние им посакуваме среќа, бидејќи Боза е секогаш на страната на љубовта, позитивниот став и вербата во убави нешта…
