ШоуБиз

Џеј Ло и Марк не се испуштаат од раце :)

Неколку чудни погледи и кренати веѓи осамнаа вчера наутро кога Џенифер Лопез и Марк Антони пристигнале на еден настан држејќи се за раце. Поранешната двојка најверојатно го промовира нивното ново реално шоу „Q’Viva: The Chosen“ во Калифорнија.

Лопез дури им кажала на репортерите дека со Марк одлично соработуваат и поминуваат одлично време заедно додека снимаат.

Иако неодамна изгледаше како да се лути еден на друг и како да сакаат да си наштетат, ова докажува нешто сосем спротивно. Тие не престанале да се гушкаат цело време додека траела промоцијата, а Марк не можел да одолее на половината на Лопез, па не ја испуштал од раце.

Е, ова не се прави со поранешен сопруг, освен ако не сакате да пратите поинаква порака до јавноста.

Напиши коментар